Синот го предупредувал татка си за полициски и инспекциски контроли во „Пулс“ – докази на Обвинителство
Во скопскиот Кривичен суд на денешното рочиште во судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани Обвинителството презентираше листинзи од телефонските комуникации на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко и неговиот син Михајло Јованов, третообвинетиот во предметот.

Од доказите добиени со вештачењето на нивните мобилни телефони, се гледа дека Михајло во една од пораките го известува својот татко за полициска контрола во дискотеката, насочена кон присуството на малолетници.
Дејан Јованов му одговора: „Во ред, нека бидат присутни, многу ги има малолетници, ние, секако, фирмата ќе ја однесеме во стечај“.
На судењето е презентирана и комуникација која се однесува на дојави за инспекциски контроли од страна на Управата за јавни приходи во дискотеката. Се работи за инспектори кои во моментов се предмет на истрага во Кочани, а за кои сè уште не е поднесено обвинение.
Ваквите комуникации, според доказите, се одвивале од 2020 година до 2025 година.