Наскоро ќе се знае дали мазутот од „ТЕЦ Неготино“ не труел, Обвинителството конечно најде експерт да го прочита вештачењето од Србија
Наскоро ќе биде познато дали мазутот кој се горел во печките на ТЕЦ Неготино бил штетен за жителите на овој регион, но и пошироко. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ни одговорија дека конечно е најден и ангажиран експерт кој треба да ги прочита резултатите од вештачењето за мазутот кое беше направено во Србија, бидејќи со месеци Обвинителството тапкаше во место, тврдејќи дека нема кој да ги протолкува резултатите.

По запирањето на истрагата за случајот „Мазут во ТЕЦ Неготино“, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција појаснија дека еколошкиот дел од предметот е издвоен во предистрага и се уште се истражува дали составот на мазутот кој се горел во ТЕЦ Неготино негативно влијаел врз животната средина.
-Вештачењето за кое покажувате интерес е доставено до експерт кој веќе постапува по истото. По добивање на мислењето јавноста ќе биде навремено информирана, одговорија кусо од Обвинителството за ,,Фокус”, останувајќи нејасно дали експертот е домашен или од странство.
Инаку, вештачењето од Србија е добиено на 25.9.2025 година.
Иако неодамна Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја затвори истрагата за случајот „Мазут во ТЕЦ Неготино“, случај тежок 167 милиони евра, сепак и понатаму останува енигма здравствениот аспект од овој потенцијален криминал, односно дали мазут кој се горел бил канцероген? Ова е значајно прашање, бидејќи еден од правците на истрагата беше да се утврди со каков квалитет се увезувал и дали ги задоволувал еколошките критериуми.
На почетокот на истрагата постоеја сомнежи за големо влијание врз животната средина и здравјето на луѓето, бидејќи на почетокот на рестартирањето на ТЕЦ Неготино за да произведува струја од мазут, имаше случаи кога филтрите на погонот се заглавувале од валкан мазут. Шпекулациите одеа дотаму дека нивото на сулфур бил над 1% колку што е дозволено. Токму поради тоа беа земени и мостри од мазутот, кои беа пратени на испитување во Србија.
Останатиот дел од истрагата беше затворен, по одлука на обвинителката Катерина Коларевиќ, по што сега на потег е Вишото јавно обвинителство, поточно обвинителот Јован Цветановски, од чија што одлука ќе зависи дали предметот и за финансискиот криминал повторно ќе оживее.
Извор: Фокус