Франција потврдува – следните денови одлучувачки за отворање на преговорите со С. Македонија

Министерство за надворешни работи на Франција потврдува дека официјален Париз останува мобилизиран на изнаоѓање решение за почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ.

Реакција на „Кej д’Орсеј“ потврдува дека прашањето за содржината на францускиот план за надминување на бугарското вето, беше поставено пред дваесетина дена и на неколку пати повторено.

Одговорот од француската дипломатија доаѓа по самиот ЕУ – Западен Балкан Балкан и, како што пренесоа повеќе француски медиуми, „очигледното незадоволство и гневот на земјите од Западен Балкан“.

„Кej д’Орсеј“ најпрво потсетува дека претседателот на Франција – Емануел Макрон уште „за време на телефонските разговори што ги имаше на 6 јуни со македонскиот премиер и со бугарскиот претседател, укажа дека е подготвен да им помогне на овие две земји да склучат билатерален договор.“

Во однос на француското директно ангажирање во изнаоѓањето на решение, француското МНР додава „Преземаме многу чекори под нашето претседавање со Советот на Европската Унија со цел да го поддржиме барањето решение за спорот меѓу двете земји и да ја конкретизираме европската перспектива на Северна Македонија.“