Одложено одењето на Стевчо Јакимовски во затвор

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, требаше од 2 јули да почне да ја издржува казната затвор од една година во затворот во Шуто Оризари, но тој таму нема да замине. Барем засега.

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, требаше од 2 јули да почне да ја издржува казната затвор од една година во затворот во Шуто Оризари, но тој таму нема да замине. Барем засега.

Јакимовски побара одложување на издржувањето на затворската казна поради здравствени причини. Тој има операции на карцином. Од Кривичниот суд денеска информираа дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука по ова барање. Судијата за извршување санкции ја бара медицинската документација на Јакимовски за да одлучи како понатаму.

„Судијата за извршување санкции по приемот на барањето веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15.06.2026 како и ургенција на 26.06.2026 година, по кои барања сѐ уште се чека одговор, како би можел да донесе соодветна одлука“, велат од Судот.

Стевчо Јакимовски е осуден за изградбата на општинската зграда. Пет месеци помина во домашен притвор, што значи дека му остануваат да одлежи седум месеци во затвор.