Помош за Авганистан по разорниот земјотрес пристигнува од ЕУ. Во земјотресот загинаа над 1.000 луѓе, а најмалку 1.500 се повредени.
Помошта е во висина од 1 милион евра, а средствата ќе бидат распоредени од хуманитарни групи активни во земјата, вклучувајќи ги и невладините организации и Обединетите нации.
Генералниот секретар на ОН – Антонио Гутереш истакна дека ОН се „целосно мобилизирани“ во Авганистан.
„Нашите тимови се веќе поставени, ги проценуваат потребите и обезбедуваат првична поддршка“ – посочи Гутереш.
Тајван најави дека ќе донира еден милион долари за Авганистан, и Кина најави дека ќе пружи помош, но сè уште не објавила детали.
На 22 јуни во источниот дел на Авганистан беше регистриран земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Најпогодена од земјотресот е југоисточната авганистанска покраина Патика.