Претседателот на Бугарија, Румен Радев од денеска започнува со консултации со претставници на седум пратенички групи во 47. Народно собрание, пред да го врачи мандатот за нова бугарска влада. Тој денеска ќе разговара со четири партии, а за утре се закажани уште три средби.
„Промените продолжуваат“- партијата која победи на парламентарни избори преговара со уште три партии за коалициска влада.
Освен со нив, Радев ќе разговара со претставници на ГЕРБ-СДС, со Движењето за права и слободи и БСП, додека дополнително ќе има средба и со претставници на „Има таков народ“, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“.