Синдикален протест во Белгија
Здружен фронт на синдикати денеска со протест во Белгија против обидите за ограничување на синдикалните слободи и штетните социоекономски последици од ковид кризата.
Синдикатите протестираат против судска одлука од пред неколку месеци која осуди 17 синдикалци на условна затворска казна поради синдикална акција која предизвика метеж во сообраќајот. Синдикатите потсетуваат дека судот изрече предупредувачка одлука против членови на „Жолтите елеци“ поради планирање на синдикална акција преку социјалните мрежи.
Втора причина за денешната демонстрација е намалениот животен стандард, растот на цените на енергијата и нападите врз работничката класа во контекст на кризата.
На денешниот протест се очекуваат околу 10.000 демонстранти. Синдикатите со денешната акција само предупредуваат и најавуваат нови иницијативи, помасовни, од јануари идната година.