Виница за првпат се приклучува на „Маршот на ангелите“: За ваква трагедија не смее да постои симболична одговорност

Денес, за првпат и Виница ќе се приклучи на „Маршот на ангелите“, марш посветен на 63-те згаснати животи и повеќе од 500 повредени во трагедијата што ја потресе јавноста.

Денес, за првпат и Виница ќе се приклучи на „Маршот на ангелите“, марш посветен на 63-те згаснати животи и повеќе од 500 повредени во трагедијата што ја потресе јавноста.

Собирот е закажан во 16:45 часот на плоштадот „Ангел Винички“, а маршот ќе започне во 17:05 часот.

„Маршираме затоа што зад бројката 63 стојат 63 прекинати животи, неостварени соништа, празни соби и семејства што засекогаш останаа без дел од себе.

Затоа што над 500 повредени и преживеани не се бројки во извештај — туку луѓе што секој ден живеат со физички последици и трауми од таа ноќ.

Маршираме затоа што за ваква трагедија не смее да постои симболична одговорност.

Затоа што условна казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства.

Молчевме доволно. Сега зборуваат ангелите преку нас. Чекорат преку нас. Во сабота и Виница ќе чекори со нас“, стои во објавата