(ВИДЕО) Пројковски: Доаѓа времето кога треба да престанеме да го чекаме Годо

➡Најскапата претстава е лошата претстава. Лошата претстава, и да потрошиме еден денар, таа никогаш нема да го врати. Човештвото константно создава проблеми и војни кои стануваат терет на некои идни генерации, вели Пројковски.

„Пробите се целодневни, работиме под полна пареа. Наближуваат датите за премиерата. Мјузиклот се роди многу интересно. Се прашавме што е она важно за Македонија и регионот. Така стигнавме до Влатко Стефановски и се она што има направено.

-Сега сметам дека заедно со Венко Андоновски, неговото либрето, кореографот Олга Панго, со Бобан Мирковски, Ана Костова, создаваме еден продукт за кој што сум убеден дека ќе биде регионален културен настан. Веќе имаме покани за гостување во регионот и нашите планови се да бидеме активни, а се надевам дека од есенва ќе следува и голема турнеја“ , вели за „Трилинг“ режисерот Дејан Пројковски, говорејќи за тимот собран околу проектот „Као Какао“.

Пројковски додава дека она што е важно за овој мјузикл е што се има автентична, скопска приказна која ја содржи духот и времето на старото Скопје.

„Низ многу љубов, страст, емоции, мислам дека ќе направиме еден мјузикл со којшто заедно со публиката ќе се радуваме заедно“, вели Пројковски.

Режисерот го спомнува и Битер Брук и цитира:

„Театарот е само кога еден гледа и еден игра“.

„Најскапата претстава е лошата претстава. Лошата претстава, и да потрошиме еден денар, таа никогаш нема да го врати. Човештвото константно создава проблеми и војни кои стануваат терет на некои идни генерации.

-Мислам дека доаѓа времето кога треба да престанеме да го чекаме Годо. Годо никогаш нема да дојде и треба некако да се фокусираме на она што се вика секојдневна радост и смисла на животот“, вели режисерот Дејан Пројковски.

Целото интервју погледнете го во видеото