Волкот „стана“ куче, сопственикот си го барал назад

Откако во јавноста се појавија информации дека во скопската населба Козле било пронајдено животно за кое се тврдеше дека е волк, од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) велат дека тие воопшто не биле официјално известени за случајот.

Од АХВ посочуваат дека според првичните информации не станува збор за волк, туку за куче кое е чипирано, а неговиот сопственик веќе го бара назад. Според објавите на социјалните мрежи кучето си има и име – Сириус.

„Животното што синоќа беше пронајдено во скопско Козле и пренесено во карантин во Скопје ЗОО. Допрва ќе биде предмет на испитувања од страна на АХВ“, велат од институцијата.

Случајот предизвика големо внимание и бројни реакции на социјалните мрежи, особено поради шпекулациите дека станува збор за диво животно. Надлежните институции најавуваат дополнителни проверки и утврдување на сите околности околу случајот.

Заловен волк во населбата Козле, бил чуван како домашен миленик