Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со својот фински колега Александар Стуб за состојбата на дипломатските напори за завршување на војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со својот фински колега Александар Стуб за состојбата на дипломатските напори за завршување на војната.

– Ги усогласивме нашите ставови пред состаноците и преговорите оваа недела. Важно е соработката во Европа да остане силна, а сега има нови можности за заедничка работа, напиша Зеленски на Х.

Тој додаде дека комбинираниот ефект од санкциите против Русија и другите форми на притисок ги дава потребните резултати.

Стуб, пак, претходно изјави дека верува оти Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со руското раководство и дека тоа во голема мера зависи од тоа дали политиката на САД кон Русија и Украина е усогласена со европските интереси.

Според него, надворешната политика на САД се променила и станала повеќе фокусирана на економските прашања.