Вјоса Османи ја предводи листата на ДСК и е кандидат за претседател на Косово, а Абдижику е кандидат за премиер
Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) Љумир Абдиџику предложи поранешната претседателка на Косово, Вјоса Османи да ја предводи листата на кандидати за пратеници на ДСК и да биде кандидат за претседател на Косово, додека тој ќе биде номиниран за премиер на Косово.

На Главниот одбор на партијата, тој изјави дека денешниот состанок на највисокото тело на ДСК конечно ќе донесе одлука за обединување со Османи.
Тој изјави дека ова обединување нема никаква врска со лични интереси или изборни пресметки, туку со политичка одговорност.
„Пред да има нова влада, Косово мора да има нов претседател. Соочени со оваа реалност, не можеме да се криеме. Денес мора да им дадеме на граѓаните политичка јасност, денес да дадеме решение и да им овозможиме да одлучат со гласање и да ги запреме намерите на дестабилизаторите. Излегуваме пред граѓаните со целосна понуда“, додаде лидерот на ДСК.
Изборите за косовскиот парламент ќе се одржат на 7 јуни.