(ВИДЕО) Касами: Албанците го чекаа ВРЕДИ, не се потребни предвремени избори

➡-Тоа беше волјата, особено на албанските гласачи, кои разочарани од постојаните превирања и разделби помеѓу албанскоте политички партии во Македонија бараа време кога тие ќе се соединат, и затоа ценам дека ВРЕДИ е израз на таа волја на Албанците, вели Биљал Касами, еден од лидерите на ВРЕДИ.

„Сметам дека тоа што се случи со ВРЕДИ е нешто ново што, не само кај албанските политички партии што се има случено, туку воопшто.

-За првпат се соединија пет политички провиненции во една коалиција, а од 9-ти мај во една политичка партија.

-Тоа беше волјата, особено на албанските гласачи, кои разочарани од постојаните превирања и разделби помеѓу албанскоте политички партии во Македонија бараа време кога тие ќе се соединат, и затоа ценам дека ВРЕДИ е израз на таа волја на Албанците, вели Биљал Касами, еден од лидерите на ВРЕДИ.

Говорејќи за можноста од предвремени избори, Касами не ја исклучуваа таа можност, но цени дека во овој момент Владата е стабилна.

Осврнувајќи се на мнозинството во Парламентот, Касами вели дека тоа е стабилно.

„Особено кога сме во процес на ‘европската агенда’, ценам дека граѓаните се изморени со предвремени избори. Сметам дека Македонија треба да се врати во водите на редовни избори, каде што ќе има некоја извесност“, додава Касами.

Целото интервју погледнете го во видеото