
Лимани: Сум за предвремени избори и нема веќе да бидам дел од „Вреди“
Сум за предвремени избори и нема веќе да бидам дел од ВРЕДИ, истакна денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани коментирајќи ја неговата синоќешна Фејсбук објава „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите! Наскоро ќе ви овозможам да се покажете“.
За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“ – истакна денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани коментирајќи ја синоќешната фејсбук-објава „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите! Набргу ќе ви овозможам да се покажете“.
– Тоа беше рипост на објава од еден портал кој го објавил тоа, јас само потврдив дека сум за предвремени избори. Сите сме за предвремени избори, освен „Вреди“. Колку побрзо се случат, толку подобро ќе биде за земјата, за нејзиниот економски развој и во исто време за освежување и во рамките на „Вреди“ и во рамките на било кој друг политички субјект или структура – рече Лимани.
Прашан на следните избори како дел од која политичка структура ќе учествува, Лимани нагласи дека нема да биде дел од „Вреди“.
-Во „Вреди“ нема да бидам. Ќе видиме каде ќе бидам, рече тој.
На новинарско прашање дали е министер на „Вреди“ или на ВМРО-ДПМНЕ, Лимани одговори дека тој е министер на сите граѓани во земјава.
-Јас сум министер на сите граѓани на оваа земја и ќе се обидам да им помогнам во сите аспекти што ми ги дозволува Министерството за социјална политика – рече Лимани.
Околу предлогот на ФЗО за продолжување на породилното отсуство од 9 на 12 месеци, министерот Лимани истакна дека тие се политики за кои нема конечна одлука.
-Тие се политики кои се во тек и се обидуваме заедно со целиот кабинет на премиерот да донесеме конечна одлука. Конечна одлука немаме, потенцира Лимани.