Спречен е обид за напад врз турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Разузнавачките служби реагирале навремено и избегнат е инцидент, јавуваат турските медиуми.
Извештаите се дека експлозивна направа била пронајдена под полициско возило кое обезбедувало митинг за поддршка на претседателот Ердоган во југоисточниот град Сирт.
Бомбата била пронајдена само неколку минути пред почетокот на митингот, но службите реагирале брзо и таа била деактивирана.
Во тек е истрага за инцидентот и не се соопштуваат повеќе детали за настанот.