Кристијано Роналдо најави фудбалска пензија

Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, проговори за крајот на својата кариера по натпреварот во кој го постигна својот 970-ти гол.

Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, проговори за крајот на својата кариера по натпреварот во кој го постигна својот 970-ти гол.

Португалецот има 41 година, а во кратко интервју наговести дека неговата кариера се ближи кон крајот.

„Крајот на мојата кариера е блиску, ајде да уживаме во секој натпревар. Продолжувам да играм не само за оваа, туку и за претходната генерација, и за онаа што доаѓа. Уживам ден по ден, меч по меч, иако крајот доаѓа. Тоа е факт“, изјави Роналдо.

Роналдо сè уште ја нема титулата шампион на Саудиска Арабија со тимот на Ал Наср , иако е член на овој тим веќе завиден период.

Сепак, тоа би можело да се промени оваа сезона, бидејќи тимот на Ал Наср има предност од осум бода во однос на Ал Хилал , кој е на второто место, на четири кола до крајот.