
СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот, но тоа го крие од јавноста
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска преку писмено соопштение го обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата дека се подготвуваат да ги внесат Бугарите во Уставот на државата, без тоа јасно и транспарентно да го соопштат во јавноста.
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска преку писмено соопштение го обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата дека се подготвуваат да ги внесат Бугарите во Уставот на државата, без тоа јасно и транспарентно да го соопштат во јавноста.
Во врска со ваквите свои тврдења од опозициската партија се повикуваат на изјава на заменикот-министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој во телевизиско гостување кажа дека Заедничката историска комисија меѓу Македонија и Бугарија редовно одржува средби.
„Како никој за ова не знаеше? Како се состанува, цело време веќе две години, а тоа се крие од јавноста? Што прават ако не договараат внесување на Бугарите во Уставот?“, се вели во соопштението од Бихакќа.
Оттаму посочуваат и на изјавите на премиерот дека земјава до крајот на јуни ќе ги реши сите реформски прашања и дека наскоро од Брисел ќе стигне вест дека Македонија е рамо до рамо со Црна, по прашањето на европските интеграции.
Во аргументацијата, од СДСМ велат, дека основното и клучно прашање што Европа го бара од Македонија е внесување на Бугарите во Уставот, а ова, додаваат од партијата, го повторил и европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во своето последно интервју.
„Ако Мицкоски сега вели дека ‘ќе ги реши сите реформски прашања во јуни’, тогаш е сосема јасно, ќе ги внесе Бугарите во Уставот. Доказ за тоа е и фактот дека Историската комисија повторно се состанува, а никој од граѓаните за тоа не знае. Кога комисијата работи, значи дека Мицкоски тивко се подготвува за она што јавно го негираше“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, сега останува само едно отворено прашање.
„Дали Мицкоски повторно ќе клекне, овојпат пред своите гласачи, молејќи за прошка? Списокот на неговите лаги станува се подолг. Лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор. Лажеше дека ќе го врати името. Сите ги нарекуваше ‘бугарофили’ и ‘предавници на македонскиот идентитет’. Јавно велеше дека ‘нема отстапување ниту милиметар’ и дека ‘Бугарите никогаш нема да влезат во Уставот додека тој е премиер’. Сега, кога се подготвува да го стори токму тоа – дали е ‘мекотел’? Дали е предавник? Мицкоски за другите зборува се она што самиот е. Граѓаните јасно гледаат: тој не води држава. Тој ја води својата криминална организација и се обидува да ги сокрие сопствените лаги“, се вели во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Од опозициската партија посочуваат дека остануваат на ставот дека малцинствата треба да се внесат во Уставот и да се продолжи патот кон Еевропската Унија (ЕУ) и порачуваат дека времето на вистината, правдата и одговорноста доаѓа.
Инаку, заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, емитувано во четвртокот вечерта (30 април), изјави дека Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија редовно одржува средби, но процесот е долгорочен и не може да даде брзи резултати.
Тој појасни дека состаноците се организираат изменично во Скопје и во Софија, со однапред утврдена динамика, најчесто на секои еден и пол до два месеци.
Според него, членовите на Комисијата се договориле да има помала експонираност на нивната работа во јавноста, со цел да се избегнат политички манипулации.
„Ова е процес што може да трае со години, па дури и децении, како што е случај и со други историски комисии меѓу различни држави“, рече Димитровски во интервјуто.
Заменик-министерот наведе дека ваквите прашања не треба да бидат дел од критериумите за членство во Европската Унија, но рече дека во актуелната рамка тие сепак имаат влијание.