(ВИДЕО) Во Трилинг со писателот Андоновски, пејачите Брејк и Пере Нокаут и проф. Атанасов

Во новото издание на магазинот „Трилинг“ разговараме со писателот Венко Андоновски, со пејачите Дарко Гелевски - Брејк и Пере Нокаут, како и со професорот Петар Атанасов.

Во новото издание на магазинот „Трилинг“ разговараме со писателот Венко Андоновски, со пејачите Дарко Гелевски – Брејк и Пере Нокаут, како и со професорот Петар Атанасов.

„Сега дојде еден момент во кој како веќе да не е потребно ни знаење, ни совет, ни стручен совет од интелигенцијата. во психологијата на оние кои сакаат да владеат е всадено чувството на нарцизам“, вели писателот Венко Андоновски.

„Јас некако не го мерам времето во години, го мерам времето во песни“, вели Никола Перевски – Пере.

„Правиш чуда некогаш за да стингнеш до пари. Тешко е, но не велам само за радијата. Кај нас во Македонија тежок е секој бизнис. Јас молам Бога да дојде денот кога ние ќе се споиме бар малку со ЕУ, да почнеме било што натаму“, изјави Дарко Гелев – Брејк.

„Луѓето ќе одат таму каде што им се обезбедува подобро работно место, каде што повеќе ќе ги платат, каде што нивното семејство или нивните блиски ќе имаат повеќе шанси за напредок во повеќе аспекти“, смета професорот Петар Атанасов.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.