Анализи имало, но резултатите се во Обвинителството – родителите прашуваат од што им умреле децата во „Пулс“

Дел од родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ утрово беа на разговор во Судска медицина во обид да добијат одговори за обдукциските наоди. По средбата тие посочија дека наместо конкретни информации добиле само потврда дека се направени токсиколошки анализи, без да им бидат соопштени резултатите.

-Дојдовме, ни објаснија дека сѐ е дадено во Обвинителство, дека се направени сите токсиколошки анализи и дека ќе чекаме на вештачењето дадено во суд, да се изјаснат. Денеска не прими директорот Александар Станков, не може тој да каже, мора да се изјаснат на суд. Не добивме информации за резултатите, туку само потврда дека се направени токсиколошки анализи, рече Александар Наунов.

Тој посочува дека и претходно им било укажано дека објавување на информации би можело да влијае врз судската постапка.

-Ние имавме и претходно средба со него, тој кажа дека ако ни даде било што, тоа ќе влијае на судењето. Чекаме да ја чуеме правата вистина, од што се починати нашите деца. Кога ни починаа децата, тие земале примероци од нив, но немало машина за испитување, а сега има. Кога се направени се предадени на Обвинителството, рече Александар Наунов.