Пендаровски: Не гледам дека во блиска иднина ќе има промени во политиките за проширување на ЕУ

Не гледам дека во блиска иднина ќе има промени во политиките за проширување на ЕУ, оцени денес поранешниот претседател Стево Пендаровски во своето обраќање на дебатата „Навигација на европскиот пат: Можности и предизвици“, организирана во Скопје од претседателскиот кабинет и меѓународни организации.

Според него од мировен ЕУ се обидува да стане безбедносен проект, аргументирајќи го тоа со актуелниот „моментум“ за проширувањето и фактот дека одеднаш Украина и Молдавија застанаа на чело на редот.

„Проширувањето не функционира во последно време како процес базиран на критериуми туку како геополитички. ЕУ се претвора од мировен во безбедносен проект. Од Брисел сепак никогаш нема да кажат дека има нови критериуми за членство. Но, како е можно во Украина сега да прават толку реформи кога над 20 отсто од територијата им е окупирана и се во војна? И како Црна Гора и Албанија, според Брисел, последните три години наголемо се реформираат, а истото го правеа и претходно, а тоа не се регистрираше?“ – рече Пендаровски.

Тој беше песимист и за случувањата натаму, оценувајќи дека ЕУ како сојуз на држави не ја продлабочува соработката внатре, ниту пак ги зголемува можностите да се гласа со квалификувано мнозинство , прогнозирајќи дека тоа никогаш нема ни да се случи.

Регионот пак, рече тој, не напредува демократски туку назадува и постои нестабилност во однос на малцинските права. Сето тоа го доведе до поентата: Што ќе се случи ако заврши војната во Украина.

„Ќе се вратат ли на „бизнисот како досега“ кон проширувањето“, сугерираше Пендаровски.