„Никогаш не сме барале пари за смртта на нашите деца, лажно беше претставено нашето барање“, велат родителите од Кочани
Здружението на граѓани „16 март 2025“ објави дека Советот на етика во медиумите на Македонија (СЕММ) официјално утврдил дека е основана жалбата на Здружението за објавениот новинарски текст со наслов: „Родителите на настраданите во Кочани бараат парично обесштетување од Владата, сметаат Заев подобро се справил со „Дурмо турс“ и Модуларната во Тетово”, објавен на 09.12.2025 год. на Република.мк, како и дека текстот грубо ги прекршил професионалните и етичките стандарди при известувањето.

Од Здружението се децидни дека никогаш не побарале пари за смртта на нивните деца.
Да се кажат со име и презиме тие кои некрофилски ни забиваат нож во грб – реакција по средбите на дел од родителите со Мицкоски – Слободен печат
„Со ова мислење јасно се потврди дека е невистинито и лажно претставено нашето барање, при што терминот „парично обесштетување“ бил употребен спротивно на она што навистина беше изнесено од наша страна. Ние никогаш не сме барале парично обесштетување за смртта на нашите деца. Нашето барање беше и останува јасно: итна институционална поддршка, еднократна финансиска помош и официјален одговор од надлежните институции. Исто така, како што јасно наведува СЕММ, делот дека „сметаме дека Заев подобро се справил“ претставува додадена интерпретација на новинарот, без директен цитат и без никаква основа во нашиот оригинален говор“, велат од здружението.
Според нив, со текстот на јавноста ѝ била „сервирана искривена слика — како да бараме пари за смртта на нашите деца и како да политизираме, што е целосно неточно“. Особено е важно, како што велат, тоа што СЕММ утврдил дека насловот и воведот на текстот не соодветствуваат со оригиналниот говор и дека со тоа јавноста била доведена во заблуда.