Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка

На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години.

На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години.

Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и искусен професионалец во централнобанкарското работење со дваесет и петгодишно работно искуство во Народната банка. Во својата професионална кариера има значаен придонес во активностите поврзани со макроекономските анализи, среднорочните проекции и истражувачката работа на Народната банка. Од почетокот на својата кариера во Народната банка, активно е вклучена во комуникацијата со меѓународните финансиски институции и агенциите за кредитен рејтинг и е авторка на повеќе научни и стручни трудови од областа на монетарната и фискалната политика.

Игор Величковски е избран за вицегувернер како истакнат професионалец во областа на платните системи и финансиските пазари. Тој е доктор по монетарна економија на Универзитетот во Стафордшир, Велика Британија. Величковски е дел од Народната банка повеќе од триесет години. До именувањето ја извршуваше функцијата директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи. Неговиот професионален ангажман опфаќа значајни реформи во платната инфраструктура, како и активна улога во процесите на модернизација и интеграција, вклучително и приклучувањето на земјата кон Европската област за плаќања во евра (СЕПА) во 2025 година.

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.