
Медведев: Русија не треба повеќе да толерира членство на Украина во ЕУ
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека Москва повеќе не треба да има „толерантен став“ кон можноста Украина да стане членка на Европската Унија.
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека Москва повеќе не треба да има „толерантен став“ кон можноста Украина да стане членка на Европската Унија.
Медведев оцени дека Европската Унија веќе не е само економска заедница, туку има потенцијал да се трансформира во воен сојуз.
„ЕУ повеќе не е само економска унија. Може да се трансформира, и тоа прилично брзо, во полноправен воен сојуз, отворено непријателски настроен кон Русија и во некои аспекти полош од НАТО“, изјави Медведев.
Тој додаде дека е време Русија да се откаже од досегашниот пристап кон евроинтеграцијата на соседните земји.
„Време е да се откажеме од толерантниот став кон приклучувањето на нашите соседи кон оваа, сега веќе, воено-економска Европска Унија“, рече Медведев.