
Во „Трилинг“ гостуваат Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора на Македонија, Дејан Станков директор на Државен завод за статистика и проф. Христина Спасевска, поранешна проректорка на УКИМ.

„Бизнисот се движи во траекторија во која не создава поголеми трошоци од што е потребно. Дефинитивно не се инвестира. Мислам дека буџетот преживува, меѓутоа дека има големи резерви не стекнувам таков впечаток.
-Потрошувачката апсолутно треба да се редуцира и понатамошното задолжување не го гледам како најголем проблем. Најголем проблем е да ви застане економијата, смета Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора на Македонија.

„Државата од 2019-та година е влезена во демографска криза, затоа што прв пат се јавува овој негативен природен прираст од околу 9.500 лица.
-Населението и компаниите сакаат да ги вложат во едни стабилни и сигурни инвестиции, а во услови кога кај нас нема развиен пазар на пари и капитал, поголемиот дел од населението вложувањето во недвижности го смета за сигурна инвестиција“, вели Дејан Станков, директор на Државен завод за статистика.

„Значи не можеме ние да градиме ставови, механизми за да стопираме младите да одат во странство само со говори и со политики кои не се применуваат. Значи мора да имаме реални акциски планови како да ги задржиме“, изјави проф. Христина Спасевска, поранешна проректорка на УКИМ.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.