ЕУ е приоритет за Владата, го уверувал Муцунски официјален Париз

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски попладнево во Париз остварил средба со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад, на која разговарале за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка.

„Попладнево, во рамки на работната посета на Франција, остварив средба со министерот делегиран за Европа, Бенжамин Адад. Нагласив дека европската интеграција е приоритет на Владата, која е силно посветена на спроведувањето на Реформската агенда“, објави Муцунски на својот Фејсбук профил.

Муцунски информира дека заедно со Адад се согласиле дека е неопходно забрзување на процесот на евроинтеграција и дека тој треба да биде заснован на мерит-систем.