Трамп: Излегуваме од Иран за две недели
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предизвика вистински земјотрес во светската јавност со најавата дека САД „многу скоро“ ќе ја завршат војната против Иран. Иако конфликтот трае само пет недели, Трамп самоуверено прогласи дека целта е постигната и дека веќе дошло до „промена на режимот“ во Техеран, иако фактите на теренот го говорат спротивното.

Претседателот директно го поврза повлекувањето со цената на горивата во САД, која веќе ја проби психолошката граница од 4 долари по галон.
„Две или три недели — и излегуваме. Цената на бензинот ќе падне веднаш штом ги повлечеме трупите. Веќе имаме нов, поразумен режим таму“, изјави Трамп, погрешно мешајќи ги имињата на иранските лидери во својот говор.