Синот кој го усмртил таткото во гостиварско, го миел телото за да ги прикрие трагите

Од Основното јавно обвинителство Гостивар информираат дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Од Основното јавно обвинителство Гостивар информираат дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Според првичните сознанија, настанот се случил при вршење семејно насилство во домот, кога по претходни меѓусебни недоразбирања избила расправија меѓу таткото и синот. Осомничениот го нападнал таткото, удирајќи го со раце и тврди метални предмети, нанесувајќи му тешки повреди од кои тој починал.

По убиството, осомничениот се обидел да ги прикрие трагите, го измил телото на починатиот и го подготвувал за погреб, со цел да го сокрие делото.

Случајот бил откриен по пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на местото на настанот, а увид извршил и јавен обвинител кој веднаш наредил обдукција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризик од бегство, како и опасност да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.