Руски воен авион падна над Крим, загинаа 29 лица

Тим за пребарување и спасување го пронашол местото на несреќата и известил за шест загинати членови на екипажот и 23 патници, јавија државните новински агенции, цитирајќи го руското Министерство за одбрана рано утрово.

Москва соопшти дека 29 лица загинале кога руски воен авион се урна над црноморскиот полуостров Крим, кој е анектиран од Русија, пренесе ДПА.

Тим за пребарување и спасување го пронашол местото на несреќата и известил за шест загинати членови на екипажот и 23 патници, јавија државните новински агенции, цитирајќи го руското Министерство за одбрана рано утрово.

Според извештаите, се верува дека технички дефект ја предизвикал несреќата и оти немало надворешно влијание врз авионот.

Претходно, Министерството за одбрана соопшти дека го изгубило контактот со авионот Ан-26 околу 18 часот (15:00 GMT) во вторникот. Министерството не даде детали за летот. Војската ги користи турбопропелерските авиони „Антонов“ и како транспортни авиони.