
Реакција на Марта Кос за локалните избори во Србија одржани на 29 март
„Распространетите инциденти на насилство, закани и неправилности при гласањето – она што го виде набљудувачката мисија на Советот на Европа за време на локалните избори во Србија – е неприфатливо“, објави Марта Кос на социјалната мрежа X.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска оцени дека инцидентите со насилство, закани и неправилности при гласањето на локалните избори одржани на 29 март во Србија се неприфатливи и ги повика надлежните органи да ги истражат и да се процесуираат сите инциденти.
„Распространетите инциденти на насилство, закани и неправилности при гласањето – она што го виде набљудувачката мисија на Советот на Европа за време на локалните избори во Србија – е неприфатливо“, објави Марта Кос на социјалната мрежа X.
Таа нагласи дека слободните и фер избори се фундаментални во демократиите, особено за земјите кандидати за Европската Унија, како што е Србија.