Ристоска за „Фокус“: Обвинителите се оставени сами да се справуваат со притисоци, навреди и клевети од засегнати страни и центри на моќ

„Со оваа одлука, Советот практично остава простор јавни прозивки од обвинети лица или нивни законски застапници, штетни за интегритетот и самостојноста на обвинителите да останат без институционална реакција“ изјави за „Фокус“ обвинителката Ленче Ристоска откако денеска Советот на јавните обвинители едногласно ја одби нејзината иницијатива во која тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

Ристоска вели „Навистина не ми е јасно како квалификации како „медиокритет со политичка матрица“ не се “конкретизирани” и не се препознаваат како напад врз интегритетот и самостојноста на обвинител, кој по дефиниција треба да биде професионален и непристрасен. За мене е сосема јасно дека изјавата на претседателот на Владата се однесува на мене, а доколку Советот имал дилеми во однос на индивидуализацијата на изјавата, можел да го повика изјавувачот да појасни на кого се однесувала неговата изјава“.

„Дополнително, целосно е занемарен и контекстот во кој е дадена изјавата, а кој објективно упатува на притисок врз мојата работа и мојот професионален интегритет. Имено, предметите во кои се засегнати интересите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се единствените предмети кои јас како обвинител ги застапувам на суд, а изјавата доаѓа од претседателот на Владата кој како законски застапник на обвинетата политичка партија има директен процесен интерес од исходот на овие постапки.

Со оваа претставка сакав да го тестирам новиот механизам на Советот, кој за жал, се покажа како формален, а не суштински. Ова испраќа порака дека обвинителите се оставени сами да се справуваат со притисоци, навреди и клевети од засегнати страни и центри на моќ“ порача обвинителката Ристоска.

Советот на јавните обвинители ја одби иницијативата на обвинителката Ристоска за политички притисоци