Српскиот претседател најави објавување информации за активности на странски служби во државата, имал и телефонски разговор со Путин
Српскиот претседател денеска изјави дека во наредните денови ќе сподели свои сознанија за активности на странски разузнавачки служби на територијата на државата. Изјавата беше дадена на новинарско прашање за наводното присуство на автомобили со хрватски регистарски таблички вчера на гласањето на локалните избори во Кула.

„Јасно ми е каква е логистиката на една соседна држава. Но, во наредниот период ќе добијам пообемна информација за тоа, па потоа ќе ја споделам со вас“, изјави Александар Вучиќ.
Toj нагласи дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за лекови, фармацевтски производи, вакцини и учество на руски компании во проекти во Србија и дека е договорот за набавка на гас под поволни услови да биде продолжен за уште три месеци.
Тој додаде дека набавката на гас е договорена под флексибилни услови и дека формирањето на цената според формулата за нафта останува.
„Го запознав и со сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана, разговаравме за сите теми“, рече Вучиќ во својот говор од Претседателството.