Села: Владата прави девијација на Коридор 8, а како изговор го користи УНЕСКО

Пратеникот Зијадин Села денеска на прес-конференција обвини дека Владата се подготвува да направи девијација на Коридор 8 и да го напушти предвидениот правец, при што како причина се наведува заштитата на подрачјето под УНЕСКО.

Пратеникот Зијадин Села денеска на прес-конференција обвини дека Владата се подготвува да направи девијација на Коридор 8 и да го напушти предвидениот правец, при што како причина се наведува заштитата на подрачјето под УНЕСКО.

– Владата се подготвува да направи девијација на Коридорот 8, наместо да се реализира проектот кој е многу значаен за економијата на Северна Македонија, геополитички и геостратешки за НАТО каде што ние припаѓаме и сме полноправна членка, кој го поврзува Црно Море со Јадранското Море. За жал, тоа што го најавив го слушнавме и од премиерот дека коридорот нема да се гради заради проблеми што наводно се појавиле во врска со УНЕСКО, истакна Села.

Според него, најавите од Владата дека делницата од Требеништа кон Ќафасан нема да се гради поради заштитениот статус на регионот не се реална пречка, туку, како што рече, само продолжување на политиките од времето на Никола Груевски.

Тој потсети дека првото отстапување од трасата на Коридор 8 се случило уште во 2014 година со проектот за автопатот Кичево–Охрид, кога делницата Требеништа–Охрид била исклучена од оригиналната концепција.

Според него, аргументот дека трасата мора да се измени поради барањата на УНЕСКО не е поткрепен, бидејќи оддалеченоста на планираниот автопат Требеништа-Ќафасан од Охридското Езеро е најмалку еден километар, додека трасата што се гради кон Охрид, надвор од Коридор 8, во делови се приближува на десетици метри до езерото.

Села посочи и на, како што рече, бројните дивоградби, платформите и угостителските објекти на крајбрежјето кои, според него, претставуваат вистинска закана за статусот под УНЕСКО.

Тој ја повика меѓународната заедница да интервенира, оценувајќи дека одлуките за Коридор 8 се во спротивност со геостратешките интереси на НАТО.