Маскирани тепачи и насилство на локалните избори во Србија

Денеска се забележани сериозни нарушувања на локалните избори и сцени на насилство во три од десетте места во Србија каде се одржуваат локални избори.

Денеска се забележани сериозни нарушувања на локалните избори и сцени на насилство во три од десетте места во Србија каде се одржуваат локални избори.

Во Бор, Бајина Башта и Кула независните новинари и набљудувачи укажуваат на паралелни листи и организирани напади на маскирани тепачи меѓу кои се забележани функционери на владејачките партии.

Ситуацијата е особено драматична поради фактот што полицијата главно не интервенирала против насилниците.

Се гласаше и во Књажевац, Севојно, Кладово, Смедеревска Паланка, Аранѓеловац, Лучани и Мајданпек.

На еден час пред крајот на гласањето (20 часот) телевизијата Н1 извести дека во сите места е забележана висока излезност од околу 60 проценти.

-Денешниот изборен ден во Бор е обележан со низа инциденти на физичко насилство. Динамиката на денот можеби најдобро ја отсликува околноста што за прв пат во едно место каде што ги набљудувам изборите знам каде се наоѓа болницата, полициската станица и судот.

За набљудувачката мисија на ЦРТА околноста дека основната безбедност на набљудувачите, активистите и новинарите не е гарантирана од страна на МВР се испраќа многу сериозен сигнал.

Она што го сведочиме нема ни сенка на слобода на изборите, а камо ли да зборуваме за некакви нијанси на демократијата на денешен ден – изјави Раша Недељков, шеф на набљудувачката мисија на ЦРТА.

Тој посочи дека во повеќето места забележале строга контролираност на гласањето како и директно мешање во изборниот процес преку списоци на „сигурни гласови на претседателот“.