Расчистено е убиството на ловочуварот во Виница, грчки државјанин заработи кривична пријава

Полицијата соопшти дека го расчистила случајот со убиениот ловочувар, кој беше пронајден мртов со прострелна рана во реонот на Виница.

Полицијата соопшти дека го расчистила случајот со убиениот ловочувар, кој беше пронајден мртов со прострелна рана во реонот на Виница.

„На 28.03.2026 во 16:11 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат Д.А.(56) од Липец, виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Р.Грција и С.З.(57) од с.Жабени, битолско.

По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата.

Против Г.П.(80) од Грција ќе биде поднесена кривична пријава по чл.123 од Кривичниот законик, а против останатите инволвирани лица во настанот до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираше МВР.