Мицкоски: Уставни измени нема да има без предвидливост и јасен крај

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид изјави дека актуелната Влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку, како што рече, не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес. Воедно, тој упати и остра критика за начинот на кој претходната влада ја водела надворешната политика прифаќајки го условот за внесување на бугарското малцинство во Уставот на земјава.

Мицкоски рече оти државата се наоѓа во незавидна позиција поради лошите и криминални политики на претходното раководство, кое, според неговите зборови, го донело „слонот во собата“. Сепак, премиерот е категоричен дека нема да прифати процеси кои директно удираат врз македонскиот идентитет, а притоа не нудат предвидливост за државата.

-Ние ќе се бориме, ова се историски процеси, кај нашиот источен сосед политичарите за да го применат принципот на живковизмот чекаа децении за да се родат политичари од типот на тие што беа претходните седум години, така што ако треба и ние ќе чекаме децении, но политики кои директно влијаат врз нашиот идентитет а не нудат предвидливост и јасен крај на тој процес, јас сум кажал дека немам намера додека сум Претседател на Влада по било која цена да влезам во таква авантура – рече тој.

Тој предупреди дека доколку Брисел инсистира на промена на Уставот како единствен услов, игнорирајќи ги одличните резултати во сите други сфери, тогаш Владата нема да биде добар соговорник во тој процес без да бидат дефинирани другите детали.