Родителите прашуваат дали се направени хемиски анализи за присуство на цијанид: „Марш за ангелите“ во Кочани

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, после паузата поврзана со одбележувањето на годишнината од трагичниот настан, денеска повторно одржаа протестен марш, како што рекоа за правда за нивните деца.

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, после паузата поврзана со одбележувањето на годишнината од трагичниот настан, денеска повторно одржаа протестен марш, како што рекоа за правда за нивните деца.

Семејствата на починатите денеска од 39. протестен марш се обратија и до Институтот за судска медицина, затоа што не добиле одговор на прашањето дали се направени хемиски анализи за присуство на цијанид при обдукцијата на телата на нивните деца.

Мита Тасева, мајка на починатиот диџеј Стефан, рече дека пред повеќе од два месеци пратиле допис до Хемискиот факултет и Судска медицина, со прашање дали се направени хемиски анализи за присуство на цијанид.

Од Хемискиот факултет ги упатиле на Судска медицина, но од таму за ова, за нив суштинско прашање наишле на молк.

-А таму – тишина. Не административно доцнење, не технички проблем, тишина. Во исто време, постојат сериозни наводи дека при пожарот се ослободувал цијанид. И ако тоа е точно тогаш прашањето не е дали некој згрешил, туку кој ќе одговара, порача во името на сите родители Тасева.

Маршот за ангелите денеска се одвиваше по веќе позната маршрута, од Паркот на Револуцијата преку Трговскиот центар, зградата на Управата за јавни приходи и кочанската полиција, до Основниот суд и Обвинителство во Кочани.

Извор: Фокус