
Промоција на стихозбирката „На Балкан, сам“ од Мартин Џорлев и концерт на „Дивоградба“
Во „Буква“ вечер ќе биде промовирана првата стихозбирка на Мартин Џорлев, „На Балкан, сам“. Стихозбирката ги сочинува текстовите на песните од музичкиот проект „На Балкан, сам“ од бендот „Животни“, како и фотографии и куси осврти кон албумот и кон песните застапени во книгата.
Во „Буква“ вечер ќе биде промовирана првата стихозбирка на Мартин Џорлев, „На Балкан, сам“. Стихозбирката ги сочинува текстовите на песните од музичкиот проект „На Балкан, сам“ од бендот „Животни“, како и фотографии и куси осврти кон албумот и кон песните застапени во книгата.
„На Балкан, сам“ е објавена како втора книга во едицијата „ПоезијаМинус“ на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, а на неа работеа Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова како уредници, Јованчо Димоски како технички уредник и дизајн на корица, Љупка Евроска ја направи лектурата, додека фотографиите се на Теодор Тасевски.
-Песните осмислено зборуваат, пеат за младешкиот идентитет, бивањето млад човек во оваa доба, во овој регион, во овие земји. Лирскиот субјект на моменти е носталгичен, на моменти е тажен, почесто е оптимистичен и радосен и често се навраќа кон минатото кое секогаш е во некаква паралела со неизвесната иднина. Тој во неколку наврати реферира и на наследството на колективноста што е вкоренета во екс-ју земјите, а којашто денес, во нашата генерација, е донесена на ниво на решение за проблемите што постојат меѓу нас. Таа колективност е лајтмотив на албумот, а се потврдува токму со стиховите ‘Ние сме млади / засекогаш млади’“ , вели промоторот Андреј Медиќ Лазаревски.
Мартин Џорлев (2001, Скопје) е музичар, поет, композитор, продуцент и организатор на музички настани. Тој е основач на групите „Луфтанза“, „Стој, после!“, „(точка) ком“, „О, убавче“ и „Животни“. Воедно е еден од основачите на колективот „Гола Планина“ и издавачката куќа „Мртов коњ“.
По промоцијата на книгата концерт ќе одржи бендот „Дивоградба“.