МНАВ најавува тужба против синдикалецот Александар Тасевски, тој вели „Ние ќе продолжиме со нашата борба“

Скопскиот Граѓански суд го прогласи за незаконски најавениот штрајк на Синдикатот на контролорите на летање, a М-НАВ поднесе кривична пријава против синдикалниот лидер, Александар Тасевски.

Скопскиот Граѓански суд го прогласи за незаконски најавениот штрајк на Синдикатот на контролорите на летање, a М-НАВ поднесе кривична пријава против синдикалниот лидер, Александар Тасевски.

Поради најавите за нови синдикални активности, М-НАВ веќе повела и посебна судска постапка со која бара да се утврди дека ССКЛ воопшто нема право самостојно да настапува.

До Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против Тасевски, поради сомнение за злоупотреба на службената должност.

Во рамките на внатрешна постапка, М-НАВ утврдила и идентитет на вработен што оддал доверливи информации во јавноста.

Александар Тасевски вели дека наводите се клевети преку кои „раководството на М-НАВ врши притисоци за повлекување од предметот“.

– Ние ќе продолжиме со нашата борба и нема да се покориме за да им дозволиме да го водат процесот надвор од професионалните рамки. Уставно загарантирано право е правото на штрајк, а ние ги почитувавме процедурите и мислам дека овој пат ќе има конечна судска одлука од Апелацискиот суд – вели Тасевски.