
Поскапувањата на храната од 20% за министерот Бесар Дурмиши не се енормни
Мерките што Владата ги презеде во изминатиот период за стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати, изјави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничкото прашање на Оливер Спасовски за поскапувањата на основните производи.
Мерките што Владата ги презеде во изминатиот период за стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати, изјави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничкото прашање на Оливер Спасовски за поскапувањата на основните производи.
Министерот посочи дека глобалните пазарни потреси неминовно се одразуваат и врз домашниот пазар, но државата навреме реагирала со намалување на данокот на додадена вредност за нафтата од 18 на 10 проценти, како и со континуирано следење на цените на прехранбените производи.
За спречување евентуални злоупотреби од страна на трговците, Дурмиши информира дека Државниот пазарен инспекторат распоредил 30 мобилни тимови кои вршат засилен надзор врз целиот синџир – од производителите до трговците. До овој момент, како што рече, не се утврдени енормни зголемувања на цените.
– Испраќаме јасна порака дека нема да има толерирање на неосновано покачување на цените или маржите на добивка. Доколку пристигнат индикации за необјасниви поскапувања, подготвени сме веднаш да реагираме, истакна министерот.
Пратеникот Спасовски, кој го постави прашањето, реагираше дека министерот нуди „генерални флоскули“ и дека состојбата на терен не кореспондира со она што го презентира Министерството.
Тој додаде дека секој граѓанин го чувствува растот на цените и дека министерот може лесно да се увери. Во однос на изјавата на министерот дека Македонија има најниски цени на горива во регионот, Спасовски рече дека тоа не е факт и дека во моментот дизелот во Словенија е 1,52, а во Македонија 1,55 евра.
„Еве, на пример, за една недела ќе прочитам неколку цени коишто биле променети и морам да кажам дека така тивко се менуваат: Зејтинот 74 денари бил, сега од 93 до 118, Кафето било 104 денари мината недела, сега е 120 до 140 денари, Меленото месо било околу 638, сега е 730 до 849, Пилешкото месо 376, сега е 401 до 493, Млекото 56, сега е 67 до 78, Јајцата 103, сега се до 148.
Сега, во моментот, имаме едно навистина сериозно, брутално поскапување на цените на прехранбените продукти, основните прехранбени продукти, пред сè зеленчукот и овошјето. На пример, денес на пазар пиперките се околу 300 денари, а доматите се околу 200 денари и малку повеќе од 200 денари.
Моето прашање е: Дали вие како Министерство за економија предвидувате соодветни мерки коишто ќе значат подобрување или ублажување на оваа кризна состојба во кој било тип? А зошто тоа го кажувам?“, праша Спасовски.