
По евакуацијата од Дубаи, се очекува уште еден авион од Емиратите, се работи и на извлекување наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт
-Вкупно 14 граѓани кои требале да бидат на денешниот лет од Дубаи за Скопје до последен момент најавувале дека ќе дојдат, но не се појавиле на аеродромот. Ги повикуваме нашите државјани, кога одлучуваат да не ја користат оваа услуга, на евакуирање, да не информираат навреме за тоа. Среќа што бевме подготвени и што се ангажираше нашата Амбасада со листа на чекање, да ги пополниме тие 14 места со граѓани што требаше да бидат на летот во вторник. Замолувам и апелирам на максимална одговорност зашто се трошат буџетски средства. Кога е во прашање безбедноста, нашата цел е секој лет да биде пополнет до последното возможно место, рече Муцунски.
По денешното евакуирање на 151 лице од Дубаи кои пристигнаа вечерва на Скопскиот аеродром, се очекува следен авион да има во вторник, со кој отприлика волкав број патници ќе пристигнат во државата. Третиот лет се планира за средината на неделата, но се уште се чека да се види дали ќе се зголеми интересот на македонските граѓани од ризичните подрачја, за да биде целосно искористен потенцијалот за извлекување што го организира државата.
_oVUbSGHLv/large.webp?use_watermark=1)
Како што изјави вечерва министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се работи и на евакуација на наши граѓани кои се во Бахреин, Катар и Кувајт. Тие ќе бидат однесени во Саудиска Арабија од каде се очекува во среда да бидат донесени со еден авион.
– Веројатно авионот ќе мора да слета на територија на Косово, но ние ќе го организираме превозот од Приштинскиот аеродром до Скопје. За сето тоа навреме ќе информираме. Од Израел ги извлековме сите што бараа евакуација, освен еден државјанин, но тоа лице инсистираше извлекувањето да биде од територијата на Израел. Две групи извлековме преку Египет и тој процес успешно заврши. Има уште еден државјанин кој бара асистенција и за него бараме начин како да го евакуираме, не исклучувам дека во следните денови таа бројка ќе биде променлива. Нашите линии остануваат 24 часа отворени за нашите граѓани, во секое време, секој што смета дека не се безбедни условите, ние правиме се во следниот период да ги извлечеме. Мојата цел како министер е до крајот на оваа недела сите наши граѓани од погодените подрачја што побарале евакуација да бидат во државава. Клучна и најбитна е безбедноста на граѓаните и тука не смееме да правиме компромис. Затоа, некогаш некои процеси можеби ќе траат подолго и ќе бидат посложени, но не смееме да дозволиме ниту еден наш граѓанин да биде ставен под ризик, потенцира Муцунски кој лично ги пречека вечерва патниците од Дубаи.

Министерот апелира македонските граѓани кои се наоѓаат во ризичните подрачја и се пријавиле за евакуација, ако одлучиле да не бидат евакуаирани тоа да го пријават.
– Вкупно 14 граѓани кои требале да бидат на денешниот лет од Дубаи за Скопје до последен момент најавувале дека ќе дојдат, но не се појавиле на аеродромот. Ги повикуваме нашите државјани, кога одлучуваат да не ја користат оваа услуга, на евакуирање, да не информираат навреме за тоа. Среќа што бевме подготвени и што се ангажираше нашата Амбасада со листа на чекање, да ги пополниме тие 14 места со граѓани што требаше да бидат на летот во вторник. Замолувам и апелирам на максимална одговорност зашто се трошат буџетски средства. Кога е во прашање безбедноста, нашата цел е секој лет да биде пополнет до последното возможно место, рече Муцунски.
Тој потсети дека за целокупната оваа операција на евакуирање македонските граѓани нема да треба ништо да платат.
_aEtjcz8DU/large.webp?use_watermark=1)
– Во минатото сме имале пракса за репатријација да плаќаат спрема државниот буџет. Граѓаните плаќаат даноци, да знаат дека државата во моментот на криза, кога има вакви ситуации, таа секогаш ќе работи на обезбедување најбезбедни услови за нив. Ние сме една од ретките држави која го прави ова на ваков начин, но сметаме дека системот колку и да има свои предизвици, секогаш, во вакви сложени моменти, мора на граѓанинот да му даде сигурност, да знаете, дека кога сте македонски државјани, институциите стојат позади вас, подвлече министерот.
Со вечерашниот организиран чартер лет од Обединетите Арапски Емирати пристигнаа 151 патник од кои повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица се со холандско државјанство.
_KIrBLUzO6/large.webp?use_watermark=1)
– Приоритизација правиме според одредени категории граѓани за кои беше најпотребна итна евакуација. Над 600 македонски државјани вкупно се очекува да бидат евакуирани оваа недела, иако оваа бројка може да биде променлива. Ова за нас како институција е третпат во последната година да имаме ваква сложена операција, првата се случи по трагедијата во Кочани кога се носеа повредени граѓани надвор од државата, а потоа се организираше и нивно враќање. Пред неколку месеци имаше исто така судири меѓу Израел и Иран и беше потребна репатријација. Сметам дека успешно и ефикасно го реализираме целиот овој процес кој не е нималку наивен. Нагласувам дека при изработката на сите овие планови и протоколи, клучен е ангажманот на нашите ДКП-а. За конкретниот лет, од Дубаи, од огромно значење беше работата на нашиот амбасадор во Емиратите и неговиот тим. Беа максимално ангажирани тие и нашата амбасада во Израел, во Каиро, во Катар и во Турција, која помогна да се извлече еден државјанин од територија на Иран, истакна Муцунски.
Граѓаните кои вечерва од Дубаи пристигнаа во Скопје, беа исклучително среќни и изразија голема благодарност до Владата за организацијата на целиот процес на евакуација.
_guP5fK5R3/large.webp?use_watermark=1)
– Бевме во еднонеделен престој на Дубаи, во сопствена режија. Првиот ден кога стигнавме почна ситуацијата, прилично безбедно беше, но непријатно, посебно кога си во туристичка посета, со мали деца, одлична организација, одличен лет, благодарност до Владата, Министерството и до Амбасадата во Абу Даби, беше се одлично организирано. Имаше аларми, известувања и предупредувања што ни стигнуваа на мобилните телефони додека бевме таму, зашто имаше остатоци од ракети и дронови што паѓаа, но генерално беше безбедно иако во таква ситуација не знаете никогаш што може да се случи, изјави една патничка.
И друг патник рече дека е многу среќен што стигнал дома.

– Се организиравме преку Амбасадата која претходно ја контактиравме, среќни сме, стигнавме дома. Додека бевме во Дубаи се слушаа експлозии, аларми преку ноќ не будеа од спиење, не беше баш пријатна ситуацијата. Блиску не слушнавме експлозија, ниту видовме повредени, но, сепак, воопшто не беше пријатно, изјави патникот.
Министерот, кој ги пречека патниците директно, пред авионот, се поздравуваше со секој од нив, а на припадничките од понежниот пол им даде и по една ружа, во чест на празникот 8 Март.
_9gLnd04e0/large.webp?use_watermark=1)
Муцунски за утре најави прес-конференција на која ќе соопшти детали.