Гвардиола за победата во Њукасл: Најдобриот настап на Манчестер сити на овој стадион

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го пофали настапот на тимот во осминафиналето на ФА Купот против Њукасл.

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го пофали настапот на тимот во осминафиналето на ФА Купот против Њукасл.

Натпреварот се одржа вчеравечер на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл и заврши 3:1 во корист на „Граѓаните“. Омар Мармуш постигна два гола за Сити, а Савио додаде уште еден.

– Беше фантастично. Кога се обидовме да создадеме комбинации, бевме многу ефикасни, особено Савињо и Доку. Тоа беше нашиот најдобар настап на овој стадион откако јас сум на чело. Беше важно да постигнеме гол рано во второто полувреме. Од тој момент па натаму, сè беше одлично – и одбраната и средниот ред. Генерално, сите играа многу добро, изјави Гвардиола по натпреварот.

Манчестер сити ја продолжи својата серија без пораз на 11 натпревари во сите натпреварувања.

Противникот на тимот во четвртфиналето на ФА Купот ќе биде одреден со жрепка.