
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди граничниот појас меѓу Грција и Албанија, а засега нема информации за повредени или материјална штета.
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчко-албанскиот пограничен појас, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри. Засега нема информации за евентуални повредени или штети.