Трамп: Иран е губитник, ќе удриме многу силно

Доналд Трамп најави засилување на бомбардирањата на Иран, ветувајќи дека мета ќе бидат нови групи и луѓе. Ова следува откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го отфрли неговиот повик за безусловно предавање.

-Иран веќе не е насилникот на Блиски Исток. Сега е губитникот на Блиски Исток – напиша Трамп.

Тој го оцени јавното извинување на Пезешкијан кон соседните земји како знак дека Иран се предал.

Пезешкијан денеска кажа дека Иран жали за одмаздничките напади врз соседните земји и додаде дека војската повеќе нема да ги напаѓа освен ако тие не нападнат први.

И покрај тоа, Иранците и денеска лансираа проектили и дронови кон Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Саудиска Арабија.

-Американската војска наскоро ќе ги засили нападите. Ќе го удриме Иран многу силно. Пентагон ќе го прошири својот опсег на цели на групи и луѓе кои досега не беа разгледувани за таргетирање – рече Трамп.