Руски „Мекдоналдс“ почнува со работа со ново име – „Вкусно и точка“

Поранешниот синџир ресторани за брза храна – „Мекдоналдс“ повторно е отворен во Москва, сега со 15 ресторани под името „Вкусно и точка“.

Извршниот директор на компанијата во Русија – Олег Пароев вели дека е задоволен што утре во Русија ќе бидат отворени уште 50 ресторани, а до крајот на јуни околу 200.

Засега ќе недостасуваат „Big Mac“ и „McFlour“.

„Тоа е затоа што овие имиња, овие брендови, нивниот изглед и технологијата на производство имаат многу директна врска со брендот „Мекдоналдс“, но сакам да ветам дека во многу блиска иднина ќе имаме достојни замени за овие производи“ – вели тој.