Шаленберг за „Танјуг“: Европската перспектива на Западен Балкан сега е поважна од кога било!

Александар Шаленберг – австрискиот министер за надворешни работи утре ќе допатува во Србија. Во интервју за „Танјуг“ пред посетата вели дека кредибилната европска перспектива на Западен Балкан сега е поважна од кога било.

Шаленберг посочува дека руската агресија врз Украина може да предизвика огромни негативни последици за стабилноста на целиот Западен Балкан, поради што доаѓа со многу јасна порака.

„Поради оваа сериозна ситуација, кредибилната европска перспектива е поважна од кога било. Тоа им го ветивме на земјите од Западен Балкан, па дури и на Србија. Затоа ќе апелирам до нашите српски партнери јасно да се изјаснат за вредностите на европската интеграција. Србија секогаш може да смета на целосна поддршка на нејзиниот пат кон ЕУ“ – вели тој.