Најдобриот македонски ракометар – Кирил Лазаров синоќа го одигра последниот натпревар во кариерата. Со неговиот Нант загубија во финалето на купот на Франција од актуелниот шампион на оваа земја – ПСЖ.
Сепак, Лазаров по мечот изјави дека е горд на сето она што го постигна во кариерата.
„ПСЖ одигра добро и заслужено победи. Тие се квалитетен тим, беа одморни и добро се подготвија за овој дуел, бидејќи имаа доволно време, додека ние се боревме за второто место. Нема дилема дека заслужено победија. Ова ми е последен натпревар во кариерата. Искрено повеќе жалам за Нант, што како тим не освоивме пехар, отколку за мене самиот. Горд сум на тоа што го постигнав низ годините и слободно можам да кажам дека ми е чест што играв во Нант и во во Франција“ – рече Лазаров.
Следната недела, Лазаров ќе се врати во Македонија и ќе се посвети на подготовките на македонската репрезентација за Медитеранските игри.