„Транспаренси Интернешнл“: Руски фирми набавуваат јахти и авиони преку британски територии
Од почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина, руските фирми оствариле трговија во вредност од 8 милијарди долари (6,7 милијарди евра) преку британските територии, според извештајот на германската фондација „Транспаренси Интернешнл“.

Фондацијата додаде дека трговијата вклучува проток на стоки, од опрема за дупчење нафта до луксузни јахти поврзани со руската политичка елита.
Извештајот открива трговски договори што вклучуваат повеќе од 150 луксузни јахти, десетици авиони и опрема наменета за профитабилниот нафтен сектор на Русија, објави денес лондонски „Гардијан“.
Анализата вклучувала 29.000 идентификувани трансакции, вклучувајќи јахти поврзани со сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, опрема за дупчење нафта и авион поврзан со чеченскиот воен водач Рамзан Кадиров.
Истражувачите откриле дека повеќе од 95 проценти од трговијата откриена со пребарување на официјални евиденции била канализирана преку четири територии – Британските Девствени Острови, Бермудите, Кајманските Острови и Гибралтар.
Повеќето од трансакциите се случија веднаш по воведувањето на меѓународните санкции во 2022 година, иако „Транспаренси Интернешнл“ пронајде и многу понови зделки што датираат од јануари 2025 година.