287 деца се убиени во војната во Украина

Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Киев соопштија дека најмалку 287 деца се убиени во Украина, а 492 се ранети од почетокот на руската инвазија на 24. февруари годинава.

Оттаму соопштуваат дека дознале и за смртта на уште 24 деца во уништениот југоисточен пристанишен град Мариупол, а виновникот за тоа е руската армија со случајното бомбардирање.

За жал, ова не се конечни бројки додека продолжуваат истрагите во спорните области и во областите што ги врати Украина во своја сопственост.

Досега во бомбардирањата се оштетени 1.971 училиште и образовна институција, од кои 194 се целосно уништени, се наведува во извештајот.