Да го избегнат одронот кај Плетвар, странци заглавиле на планински пат во Мариовско

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска успешно е реализирана акција на спасување изгубени семејства, од странство, во два автомобила, коишто заедно со четири деца се загубиле со возилата во Мариовско заради лошите временски и патни услови во планина.

Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување била извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион.

Семејствата скршнале од патот и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, каде што до 15.10 часот беше блокиран сообраќајот заради голем одрон.

Околу 16 часот бил примен повик на 112 и дежурните оперативци од трите регионални центри за управување со кризи се поврзани со лицата коишто биле заглавени на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај каде што е границата меѓу неколку општини. Акцијата за лоцирање и пронаоѓање на изгубените семејства и заглавени на лош пат ја продолжил РЦУК Велес, од каде што постојано се комуницира со изгубените на којшто им е наложено да чекаат помошта да дојде после нивното лоцирање, за што ќе треба повеќе од два или три часа.

Според добиените информации, семејства во два автомобила, заради одронот што беше на патот Росоман – Прилеп тргнале по друг пат за да го заобиколат одронот и заглавиле, за нив во непознат предел, а на лош пат, уште повеќе расипан од врнежите во тој крај. Се работи за две возила од кое едното е од Литванија. Во возилата, во кои имало пет возрасни и четири деца. Двете возила биле заглавени независно едно од друго на растојание од 100 до 200 метри, едно зад друго.

Од страна на оперативните дежурни работници во регионалните центри за управување со кризи веднаш било стапено во контакт дежурните оперативци од Министертвото за внатрешни работи и преку СВР Кавадарци е преземена акција за извлекување, со можност за дејствување и со тим со теренско возило од Михаилово.

Дежурните оперативци од РЦУК Велес во постојана комуникација со загубените и лоцирани семејства, но и со колегите од МВР.

По неколку часа теренско возење искусниот тим на МВР ги пронашло во 19.15 часот и по неколку часа тие биле извлечени, живи и во добра здравствена сосотојба, информираа од ЦУК.