Бугарскиот претседател – Румен Радев го прими денеска во претседателскиот кабинет германскиот канцелар Олаф Шолц.
На средбата Радев побарал од Европската Унија да биде гарант за почитување на правата на Бугарите во Македонија.
„Односите меѓу Бугарија и С. Македонија не се само историски спор, важно е да се почитуваат и критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ, вклучително и човековите права и недискриминацијата. Тоа се неопходни услови што мора да ги исполни нашиот југозападен сосед пред да ги започне преговорите за членство во ЕУ“ – рекол Радев.
„Претседателот инсистираше Европската Унија да биде гарант за почитување на правата на македонските Бугари во Р.С. Македонија. Потребни се јасни механизми и мерливи критериуми за следење на преговарачкиот процес, што ќе доведе до одржливост во исполнувањето на критериумите за членство на Р.С. Македонија. Бугарскиот претседател ја истакна и важноста од зачувување на бугарското културно и историско наследство во Р.С. Македонија“ – соопштија од кабинетот на бугарскиот претседател.